Со маска на која пишува Лиде Венко, на социјалните мрежи, популарната Лиде Лиде објави слика со Венко Филипче со коментар дека конечно се сретнале. 38-годишната Лиде Лиде (Лидија Гиновска) стана вистински хит поради коментарите на социјалните мрежи за министерот за здравство Венко Филипче и кого постојано го канеше на кафе.

Многу се подготвував за оваа средба и психички и физички, ама ете к’смет било да се сретнам со него денес, кога сум најнесредена, но морав, ваква шанса не се пропушта, вели Лиде Лиде за ММС.

Средбата се случила вчера попладне во едно скопско кафуле, кога Филипче и Мила Царовска решиле да се напијат кафе
а „шпиуните“ и дојавиле на Лиде веднаш да дојде ако сака да го види.

„Господине министре, да ви кажам само дека ја имате мојата целокупна поддршка уште од почетоткот. Јас сум Лиде Лиде, му реков на Филипче. Кога го кажав ова Царовска падна од смеење. А и тој почна да се смее. А мене! Мене ми се тресеа рацете. Го прашав дали може да се сликам и тој рече: „Ајде може слефи“. Ама јас не можев да го наместам телефонот од што ми се тресеа рацете. Не можев да ја најдам камерата. Едвај направив две селфи, но ги направив матни од што ми се тресеа рацете. Целата бев збркана, а не можев да го погледнам од трема. А тој ме гледа и се смее – раскажува Лиде Лиде за ММС



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.