Легендарниот пејач Ѓорѓе Марјановиќ почина во неделата на 90 години, но не како последица од ковид-19, како што прво беше објавено во медиумите.
Како што откри неговата ќерка Невена, тој не починал од коронавирусот како што се мислеше прво, туку од општа слабост поради годините на старост.
Таа изјави дека има забуна, бидејќи неговиот имењак Ѓорѓе Н. Марјановиќ почина од корона, додека познатиот пејач се викаше Ѓорѓе С.Марјановиќ.
Невена раскажала дека кога Ѓорѓе бил млад, имал проблеми со полицијата, бидејќи доаѓале да го уапсат за тешко кривично дело кое го направил друг Ѓорѓе Марјановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.