Британската невеста која лажеше дека има рак и е пред умирање за да собере донации за својата венчавка, неделава беше осудена на пет месеци затвор.

Станува збор за 29-годишната Тони Станден, која успеа да собере 11.312 долари со измама.

„Влезе во мојот мозок, во моите коски, насекаде“, им соопшти Станден на своите пријатели во јули 2017 година, велејќи дека има уште два месеци живот. Таа ја избричила главата и споделувала со нив толку многу детали за прогресот на болеста, што воопшто никој не се посомневал дека таа лаже.

Нејзината желба „пред умирање“ било да се венча со нејзиниот 52-годишен сопруг Џејмс, па пријателите покренале иницијатива преку GoFundMe за да соберат средства за !свадбата од соништата“. Па, така за нејзината венчавка минатото лето Станден собра 150 гости во приватен клуб во Виднес, Англија.

Брачната двојка потоа замина во Турција на меден месец.

Пријателите конечно се посомневале во нејзината приказна годинава, кога Станден неверојатно „оздраве“ и тргна на пат околу Европа, по што лажеше и дека се зарази со коронавирус.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.