Кога Хауард Кирби од Мичиген купил стар кауч не се надевал ни најмалку што ќе пронајде внатре во него.

Кирби купил кауч од непрофитната организација „Habitat for Humanity ReStore“ за 63 евра, но забележал дека едно од неговите перничиња не било удобно.

По три седмици, тој и неговата сопруга го отвориле каучот и пронашле шокантна количина пари во него – околу 43 илјади долари.

За момент, Кирби бил во искушение да ги задржи парите, но на крајот решил да се откаже од тоа.

„Што би напавил Иус? Исус би му ги вратил на сопственикот“ – изјавил Кирби за „ABC“.

Исто така тој додал дека веднаш потоа ја исконтактирал продавницата откаде што го купил каучот, а тие ги исконтактирале сопствениците на истиот.

Тие дошле да ги земат парите кој во каучот ги сокрил нивниот покоен дедо при што немале доволно зборови за да му се заблагодарат на Кирби.

Знам како е кога нешто ќе изгубиш и никогаш не го добиваш назад истото“ – изјавил Кирби кој за овој негов чин добил многу пофалби на социјалните мрежи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.