Купил стар часовник на пазар, Германец од градот Аурих кој купил ѕиден часовник на пазарот за стари работи, не можел да им верува на очите кога внатре нашол 50.000 германски марки.
Неименуваниот Германец го купил часовникот уште пролетта, а парите ги однел во Канцеларијата за изгубени работи, пишува магазинот „Феникс“.
Ако се појави сопственикот на парите, човекот ќе има право на три отсто од профитот (околу 770 евра), но никој не одговорил и по законскиот рок од шест месеци пронаоѓачот ги добил назад парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.