Необичен инцидент се случил минатиот викенд во Порт-о-Пренс, главниот град на Хаити за време на една венчавка.
Пред првиот танц на младенците, кумот станал и ѝ пришол на невестата која разговарала со нејзината мајка. Прво ѝ удрил шлаканица, а потоа, кога таа возвратила, ја удрил со тупаница по лицето, а таа паднала на подот, пренесува „News 13“. Кога младоженецот истрчал да ја одбрани, кумот само го плукнал по лицето.
Разгневените семејства се обиделе да го избркаат кумот од венчавката, но тој, опкружен со неговите и пријателите на младоженецот, рекол дека ќе земе микрофонот и самиот ќе ја напушти прославата откако ќе каже што има да каже.
Тој пред сите кажал дека невестат била негова тајна девојка, која го влечела за нос последните две години, ветувајќи му дека ќе раскине со нејзиниот иден сопруг, неговиот пријател, бидејќи таа отсекогаш била за вљбена во него.
Потоа додаде дека абортирала поради нејзиниот богат и успешен иден сопруг, иако ја молел да не го стори тоа затоа што повеќе од сè сака да има дете со неа.
Пресметката ѝ беше јасна – да се омажи за богат сопруг. Иако таа отсекогаш ме сакаше мене. На крајот, пред три недели одеднаш ми рече дека ќе се омажи и никогаш повеќе дане ја барам. А, ми вети дека ќе имаме иднина. Дури и дете направивме! Самуел минатата година кога немав што да јадам ми позајми пари, но по три недели почна да ме притиска да му вратам сè веднаш, иако има толку многу пари на сметките што може да нè купи сите нас тука, рекол лутиот кум, нагласувајќи дека прифатил да дојде на венчавката само затоа што се чувствувал должност кон Самуел, кој му помогнал кога му горело под нозе.
Иако била прекината поради инциндентот, свадбата сепак се одржала до крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.