„Дизни“ деновиве претстави сцени од култниот филм „Сам дома“ на медењаци, со што одбележи 30-годишнина од премиерата на првиот филм од овој серијал. Првите луѓе на компанијата на уметницата и дизајнерка на колачиња Мишел Вибово ѝ порачале да направи слатка верзија на куќата во која се случува дејството на филмот со висина од 1,7 метар.
На Вибово ѝ биле потребни 300 часа да го реализира тоа. Во ова вкусно уметничко дело го има и комбито што го користат крадците Хари (Џо Пеши) и Марв (Даниел Стерн), автомобилот за достава на пица „литл неро“ и ликовите на Кевин (Меколи Калкин) и на крадците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.