Денеска се навршуваат 16 години од смртта на легендарниот македонски актер, Ѓорѓи Колозов, кој на 55-годишна возраст замина неочекувано и без поздрав.

На страницата на „Фејсбук“ посветена на неговиот лик и дело беше споделена фотографија од местото каде започнаа да се снимаат македонските народни приказни, манастирот Свети Пантелејмон во скопско Нерези.

На фотографијата сам без своите пријатели седи само „сиромавиот“, актерот Лазар Бараков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.