Куферот и го спасил животот на пејачката која патувала со Шабан Шаулиќ. Според српските медиуми, Теа Таировиќ пеела заедно со Шабан Шаулиќ на неговиот последен настап во животот. Тој по настапот отишол во хотел, од каде што изутрината од Дизелдорф требал да лета за Белград.

Кога останатата група отишла на аеродромот им било кажано дека Шабан имал несреќа и дека бил повреден, по што им било соопштено дека им подлегнал на повредите. Таа по враќањето во Белград за тамошните медиуми тврди дека една работа и го спасила животот.

За време на летот го изгубив куферот и се нервирав околу тоа. Шабан и неговиот колега ми велеа: „Е да доаѓаше со нашиот лет, немаше да го изгубиш куферот”. Да одев со нивниот лет, ќе бев заедно со нив и во автомобилот кога се случи несреќата, раскажала таа.

Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила во Германија, на автопат помеѓу Билефелд и Дортмунд. До сообраќајката дошло по неговиот концерт во Билефелд, а пејачот бил веднаш пренесен во болница, каде што, за жал и покрај напорите на лекарите, им подлегал на повредите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.