Спасителите останале изненадени откако на Бахамите, на подрачје целосно уништено од ураганот Доријан пронашле живо куче кое било затрупано во рушевините еден месец.

Женката им дозволи на спасувачките екипи да ѝ пријдат, иако после еден месец поминато во урнатините, веројатно не ни имаше сила да се помести.

Иако станува збор за искусна спасувачка група која досега успеала да пронајде и да спаси над 100 кучиња во загрозените подрачја, тие не можеле да поверуваат дека ова куче преживеало цел месец заглавено под урнатините

Малку е да се каже дека несреќното куче е „коски и кожа“, но желбата за живот била доволна за да преживее и на крајот да има среќа да биде пронајдено од спасувачките екипи.

Спасувачките екипи ја нарекоа Миракл (чудо) и се надеваат дека не само дека ќе се опорави, туку и дека ќе ги пронајде своите сопственици.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.