КСП ПОДИУМ – Јадро организира работилница за изработка на оригами во која деца од сите возрасти ќе имаат можност да се запознаат со традиционалната јапонска вештина оригами, ќе дознаат повеќе за историјата на оваа техника, и секако ќе се забавуваат. Работилницата ќе ја води Афродита Николоска.
Овој петок 03.09.21г на познатото музичко парче (парк Полана), Кавадарци.
Оригами („превиткана хартија“) е јапонска техника на виткање и обликување на хартија, одличен вид на ракотворба погодна и за деца и за возрасни. Оригами е магија, уметност и секако игра. Цел на оваа едукативна работилница е да се развие креативноста и моторните движења кај младите, тренирање на меморијата и логичното размислување, учење да го концентрираат вниманието.
На оваа работилница децата ќе научат да изработат оригинални фигури и форми од хартија – животни, цветови, декоративни предмети, ќе добијат шема со детална инструкција од оригамите кои ќе ги изработат и мали поклони од организаторите.
Афродита Николоска е дипломиран моден дизајнер, родена во Скопје, Македонија. Оваа година ги заврши своите додипломски студии во Санкт Петербуржската државна академија за уметност и индустрија именувана по А. Л. Штиглиц, факултет „Дизајн“, смер „Моден дизајн“, и во истата академија ќе ги продолжи постдипломските студии. Љубовта кон техниката оригами ја негува уште од детството. Многугодишното искуство на правење оригами и помогнало да ја совлада оваа техника, и многукратно и послужило како инспирација за проекти и модни колекции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.