Патниците бегале во паника на британскиот крузер P&O’s Britannia, кој по седумдневното крстарење покрај Норвешка, бил на пат кон Саутемтон. Новинарот на британската утринска програма “Good Morning Britain”, Ричард Геишфорд , кој бил на бродот раскажа дека инцидентот избувнал кога на еден од патниците не му се допаднала облеката на друг патник, кој бил облечен како кловн. Тепачката почнала во 2 часот по полноќ , по завршувањето на забавата на тема патриотизам. Двајцата се степале на 16. кат на крузерот, а сведоците велат дека летале чинии и мебел, по што интервенирала безбедносната служба.
Крв имаше насекаде… Бродскиот медицински екипаж им помагаше на повредените , кои рекоа дека никогаш порано не доживеале нешто такво, опиша новинарот.
Патниците биле многу исплашени.
Се криеја каде што ќе стигнеа … Секој кој беше вклучен во тепачката, последниот ден на крстарењето го помина затворен во во своите кабини , поради безбедноста, рекоа патниците кои биле сведоци на инцидентот .
Полицијата во Хемпшир соопшти дека нивниот персонал отишол на крузерот веднаш штом се приближувал до Саутемптон, а истрагата е во тек.
Ние можеме да потврдиме дека сите гости го напуштаат бродот, а случајот е преземен од страна на локалната полиција, рече портпаролката на P & O Cruises.
“There was blood everywhere”. Violent late night brawl in the buffet onboard @pocruises Britannia left staff who intervened injured, as passengers used furniture and plates as weapons. Witnesses told me they were so frightened they had to hide, as family groups fought.
— Richard Gaisford (@richardgaisford) July 27, 2019
Britannia left Bergen at 1430 on Thursday, the violence occurred 12 hours later after a black-tie evening. It followed an afternoon of ‘patriotic’ partying on deck, with large amounts of alcohol being consumed by many guests. pic.twitter.com/zQcEXGDJeg
— Richard Gaisford (@richardgaisford) July 27, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.