Крокодилот Бабија, за кого 70 години се грижат монаси во Индија, станал вегетаријанец. Монасите велат дека рептилот што живее во езерцето блиску храмот, е целосно безопасен и не нападнал никого.

Крокодилот живее кај храмот „Анантапададманабхасвами“ речиси целиот свој живот, не напаѓа луѓе и јаде ориз, па тамошните жители веќе го сметаат за вегетаријанец. Секој ден јаде по еден килограм варен бел ориз…

Еден монах од манастирот му става ориз директно во устата два пати на ден – во 8 часот наутро и напладне или навечер.

Тој не јаде месо. Не ги напаѓа ниту рибите во езерото – вели монахот Чандра Пракаш.

Стручњаците, сепак, сметаат дека крокодилот не може да јаде само ориз и не може да преживее толку многу години без животински протеини.

Крокодилот во езерото веројатно јаде риба, покрај оризот, и развил условен рефлекс – вели зоологот Анирбан Чаудари.

Бабија веќе е ѕвезда, па многу туристи доаѓаат да го видат специфичниот миленик на монасите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.