Долгогодишниот пријател и соработник на кралицата Елизабета втора, Мајкл Освалд починал на 86 години од својот живот.
Долгогодишниот пријател и соработник на кралицата Елизабета починал во саботата на 17 април, денот кога се одржуваше погребот на принцот Филип.
Пред неа сега следува уште едно тешко збогување после неколку децениско дружење со овој човек, пренесуваат светските медиуми.
Неговата вдовица која исто така била блиска со кралицата вели дека од секогаш тој велел како има работа каква што секој сонува да има.
Според пишувањата на медиумите, пријателите ќе го паметат како добар човек и човек што би отишол и на крајот на светот само да ги следи трките. Како и принцот Филип тој сакаше многу да се смее и да ужива со пријателите, а доказ се папарацо фотографиите со принцот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.