Денеска Арчи Харисон Маунтбатен Виндзор го прослави својот прв роденден. Членовите на кралското семејство му го честита роденденот на малиот Арчи, а тоа што најмногу ја воодушеви јавноста беше објавата на профилот на неговата баба, Кралицата Елизабета Втора.
Кралицата ги изненади следбениците на друштвените мрежи споделувајќи јавно роденденска честитка за малиот Арчи на службените профили на Твитер и Инстаграм – @TheRoyalFamily. Овој гест е вообичаено резервиран за постарите членови на семејството и беше огромно изненадување што ваквата честитка ја објави после заминувањето на Хари и Меган од кралското семејство, па многумина сметаат дека кралицата со овој чекор го прекрши кралското правило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.