Кралицата Елизабета одлучи заедно со сопругот Филип, до крајот на пандемијата од коронавирусот да биде во дворецот Виндзор во самоизолација.
Таа се чувствува добро, но јасно е дека е најдобро да се тргне навреме. Последните неколку денови се сретна со многу луѓе, а притоа наскоро ќе наполни 94 години – вели извор близок за кралското семејство.
Иако самата таа припаѓа на ризичната група, а притоа стравува за здравјето на своите најмили и здравјето на своите граѓани, кралицата утрово дочека прекрасна вест во самоизолација – нејзиниот внук, принцот Хари, ќе го помине летото кај неа заедно со сопругата Меган Маркл и синот Арчи.
Малиот Арчи прв пат ќе прошета низ кралскиот летниковец во Шкотска, каде неговиот татко Хари помина многу лета од своето детство.
Инаку, минатата година Хари, Меган и Арчи исто така беа повикани во летниковецот на Елизабета, но го одбија повикот под изговор дека Арчи е премногу мал за да патува. Се ќе беше во ред доколку парот не отпатува на Ибица неколку дена подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.