Кралицата Елизабета Втора постхумно ќе одликува морнар тинејџер загинат во Втората светска војна кој потонал со воен брод додека пукал врз јапонски авиони, откри во средата нејзиниот претставник во Австралија.
Генералниот гувернер на Австралија изјави дека кралицата Елизабета го прифатила владиното барање за оддавање почест на Едвард Теди Шеан, заради искажаната храброст во 1942 година.
Шеан ќе биде одликуван со Големиот крст од Кралскиот викторијански ред, највисокиот британски ранг.
Осумнаесетгодишникот се врзал за противвоздушниот топ со цел да пука на јапонските авиони кои ги напаѓале неговите соборци во водата додека нивната корвета ХМАС Армидале тонела во близина на брегот на Тимор.
Преживеаните пренеле како Шеан продолжил да пука на авионите и кога бродот потонал под површината на водата. Погодил еден авион и ги растерал останатите кои ја убивале посадата во морето.
Австралискиот премиер Скот Морисон во понеделникот изјави дека одборот пред многу години заклучил дека Шеан треба постхумно да го добие Викториниот крст, прв кој ќе биде врачен на припадник на австралиската морнарица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.