Новите фотографии од кралицата Елизабета ги загрижија Британците откако таа се врати на своите кралски обврски.

Британската кралица Елизабета им се врати на службените обврски откако мораше да ја послуша лекарската препорака да мирува и се одмора поради повреда на грбот, но нејзините последни фотографии предизвикаа загриженост кај многумина.

Елизабета (95) се сретна со генералот Сер Ник Картер во замокот Виндзор, а фотографии од нивната средба беа објавени и на нејзиниот официјален профил на Инстаграм. И додека еден дел од нејзините придружнички изразиле среќа и задоволство што нивната омилена кралица се вратила, другиот дел покажал загриженост.

„Ти посакуваме брзо закрепнување“, „Нашата убава кралица“, „Мило ми е што е подобро“, „Добро е што те гледам повторно“, „Неверојатната жена“, „Мило ми е што ја гледам, но таа изгледа толку ситно“, „И испраќам најдобри желби“, „Прво ги забележав рацете. Се надевам дека е добро“, „Нејзиното лице и раце, се плашам за нејзиното здравје“, се дел од коментарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.