Британската кралица Елизабета Втора (95) синоќа ја мина ноќта во болница за да направи детални прегледи, откако ја откажа посетата на Северна Ирска.

Нејзините лични лекари во средата ја испратиле во болница во Лондон за да ја прегледаат специјалисти, но по една ноќ помината во болница била пуштена, по што се вратила во својата палата.

Според британските медиуми, кралицата е добро расположена, а лекарите превентивно ја испратиле во болница. Остатокот од неделата кралицата планира да одмори.

Кралицата неволно го прифати советот на лекарот да се одмори во следните неколку дена, соопштија од Палатата.

Кралицата Елизабета Втора вчера ги прифати советите на лекарите и ја откажа планираната посета на Северна Ирска, објави во средата Бакингемската палата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.