Британското кралско семејство сè уште не може да се соземе по интервјуто на принцот Хари и Меган Маркл кај Опра Винфри во кое беше обвинето за расизам, злоставување и гушење на основните слободи.

Како што пишува „Дејли мејл“, кралица Елизабета се сложила со констатацијата дека „Хари фрлил атомска бомба на семејството и го разнел на ситни парчиња“.

Бакингемската палата е буквално парализирана од ужасот и запрепастена откако Хари со интервјуто фрли атомска бомба на кралското семејство. Кралицата Елизабета, принцот Чарлс и принцот Вилијам се затворени во своите одаи на кризни состаноци кои ги закажала кралицата, се со цел да се договорат како да реагираат на обвиненијата кој ги изнеле Хари и Меган, пишува  „Дејли мејл“ кој е промонарихистички настроен весник.

Според извори блиски до палатата, расположението во кралскиот двор е мешавина на „интензивен личен шок и тага“, бидејќи принцот, како што велата „го притиснал нуклеарното копче против сопственото семејство“. Исто така, добро упатени извори велат дека кај припадниците на кралското семејство се чувствува општо неверување и збунетост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.