Читател на српски Курир тврди дека е ограбен во еден белградски трговски центар и дека овој случај го пријавил во полиција.

Имено како што може да се види на снимката, непозната жена потполно мирно зела туѓа ташна и од неа наводно зела 8.500  евра.

Ја зела ташната, од неа ги извадила парите и ја вратила ташната на место.

Сакам да нагласам дека сме дојдени од странство, дека дека дел од тие пари, беше наменет за операција на жена на мој пријател – рекол ограбениот.

Како што објаснил, жената му ги зела парите додека тој бил во кабина за пробување, а неговото дете ја чувало ташната, но во критичниот момент се одалечило од ташната неколку метри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.