Корејската ТВ драма од 2018-та година во која што многу точно се опишува смртоносниот вирус, во текот на изминативе денови се искачила на 5-то место на најгледани серии во Британија.

Во паралела со моменталната пандемија, ликот во шпионската драма„My Secret Terrius“, предупреден е на вирус кој што е сличен на коронавирусот, чија инкубација трае 14 дена, а истиот ги напаѓа белите дробови и за него не постои вакцина.

Во оваа фикција, вирусот мутант е искористен како оружје кое што може да убие 90 отсто од заразените пациенти. Сцената која што предизвикала најголемо внимание кај гледачите, е прикажана кон крајот на 10-та епизода кога еден од ликовите се сретнува со докторката која што му ги покажува неговите вознемирувачки резултати од анализата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.