Судејќи по досегашните предвидувања и разните „пророштва“, досега преживеавме неколку краеви на светот, но и понатаму се појавуват нови теории за судниот ден.
Контроверзниот автор и теоретичар за заговор, Дејвид Монтењ, тврди дека крајот на светот се очекува оваа година, пренесува „The Sun“.
Во својата книга „End Times and 2019: The End of the Mayan Calendar and the Countdown to Judgment Day“, објавена во 2013-та година, тврди дека во декември, 2019-та година ќе дојде до серија апокалиптични настани, кои ќе траат седум дена.
„На 21-ви декември, 2019-та година ќе се случи замена на магнетските полови на Земјата. Целата површина на планетата ќе се посмести по тековниот слој под Земјината кора. Неколку дена подоцна ќе има земјотреси, плимни бранови и ерупции на вулкани кои ќе ја уништат цивилизацијата. Постојат бројни историски, геолошки и биолошки докази, дека такви земјени полови веќе се случиле. Дури во Библијата пишува за тоа. После оваа промена, ситуацијата ќе се влошува секојдневно, сè додека природните катастрофи не кулминираат на 28-ми декември, 2019-та година. Тоа ќе биде судниот ден“, тврди тој.
Замената на Земјените магнетски полови, објаснува „The Sun“, е природна работа која се случува на секои 200 до 300 илјади години. Таа промена се случува бавно, трае илјадници години, а освен што може да го ослабне магнетното поле на Земјата, научниците тврдат дека не предизвикува никакви природни катастрофи.
Монтењ и порано имал вакви понижувачки тврдења, како тоа дека на 6-ти јули, 2016-та година, на Земјата ќе дојде Антихрист и тоа во телото на тогашниот претседател на САД, Барак Обама.
точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.