Компликации од коронавирусот, кој неодамна му бил дијагностициран, најверојатно е причината за смртта на Драган Вучиќ. Според неофицијални информации, македонскиот шоумен бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а состојбата се влошила поради хронична болест.

Официјални информации за целиот случај се очекуваат во текот на денот.

Пријателите, колегите и целата македонска јавност веќе се простуваат со легендарниот водител преку социјалните мрежи.

Драган Вучиќ е роден во Скопје 1955 година. Зад себе остави бројни поп-хитови како што се „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк-групата „Кода“. Тој ја компонираше песната „Make My Day“, избрана да ја претставува Македонија на Евровизија во 2005 година.

Драган со сопругата Весна беше во брак 38 години, а заедно беа повеќе од четири децении. Тие имаа еден син, музичарот Мартин Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.