Компјутерски вирус се шири на социјалната мрежа Фејсбук, предупредуваат од Критинк, од каде велат дека вирусот може да се препознае по тоа што во структурата на линкот е содржан зборот „coco”.

Од Критинк предупредуваат да внимавате и да не кликате на линкот, а предупредувањето да го испратите на вашите пријатели.

Вчера и денеска многу корисници на социјалната мрежа Фејсбук се пожалија дека имале контакт со компјутерскиот вирус, а како што велат, никако не смеете да кликнете на пораката која ви вели дека сте добитник на 10.000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.