Изготвувањето на годишната ранг листа на најдобрите работи во САД се прави врз основа на неколку критериуми, како висина на платата, отворени работни места, балансот меѓу работата и приватниот живот и нивото на стрес.
Ниту една работа докрај не ни одговара, но многу имаат неколку заеднички работи – се наведува во годишната ранг листа на најдобри работи за 2021 година, пренесува порталот „БизЛајф“.
Првпат по три години, на врвот на листата не се програмерите, а надвор од првите пет се стоматолозите чија дејност е падната на деветто место.
На прво место на најдобрите работи за 2021 година е асистент на лекар со просечна заработувачка од 112.600 долари за што е потребно мастер образование. Следува програмер на софтвер со 107.510 долари средна годишна заработувачка (потребна диплома од факултет), а потоа медицинска сестра (110.700 долари годишно во просек, потребна мастер диплома).
На четвтро место е менаџер на здравствени и медицински услуги (100.980 долари и потребно факултетско образование) додека топ 5 завршуваат со лекар (206.500 долари годишна заработувачка, потребен докторат).
Истражувачите ги разгледувале работните места со најголем проектиран број и процент на отворање од 2019 година до 2029 година, според Бирото за статистика на работа во САД. Прегледани се и низа од други фактори на скала од 1 до 10, вклучувајќи и изгледи за кариера, стапка на невработеност и предвиден десетгодишен траст на бројот на тие работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.