Колони возила на граничниот премин „Богородица“ попладнево, се чека повеќе од половина час. Возачите и патниците се нервозни. Автобуси од Србија, Македонија и Романија исто така се дел од колоната.

Читател за „Република“ вели дека ова е недозволиво, толку време да се чека на граничен премин, а во возилата има и деца..

Ова е честа слика за време на летните одмори секоја година. од АМСМ пак известуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце за излез од Македонија се чека околу 30 минути, на останатите премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.