Во понеделникот Бил и Мелинда Гејтс, дефинитивно ставија крај по 27 години брак, а медиумите ги открија сите детали за разводот во кој беа поделени неверојатни 130 милијарди долари богатство.

Бил и Мелинда Гејтс се познати како еден од најстабилните парови речиси три децении, а нивната работа во хуманитарната организација што го носи нивното име предизвика само воодушевување.

Бидејќи немаше предбрачен договор, тие одлучија да го поделат имотот вреден повеќе од 130 милијарди. Американските медиуми пренесуваат дека Мелинда на тој начин ќе добие неверојатни 65 милијарди долари, а во исто време ќе го задржи презимето Гејтс.

Мелинда не побарала алиментација при разводот бидејќи на денот кога поднела барање за развод, добила акции во износ од две милијарди долари. Еден ден подоцна, поранешниот шеф на „Мајкрософт“ додаде 25 милиони акции на мексиканска Кока-Кола во своето портфолио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.