Последниве години евидентен е трендот на намалување на бројноста на членови на европските монархии, поради што се очекува дека многу од нив треба да си најдат работа и сами да се издржуваат во животот, а не да се потпираат на приходите кои им се гарантирани од државата.

Од десет главни кралски семејства во Европа, девет се уште добиваат пари за извршување на својата должност, со исклучок на Кнежевството Лихтенштајн, што не добива пари од даночните обврзници за да ги плати своите трошоци, пишува CNN.

Колку пари ќе добие секое кралско семејство зависи од локалните закони и традиции.

Некои земји им даваат голема сума на пари на кралските семејства. Додека пак, други кралски семејства се финансираат од различни извори, што ја отежнува директната споредба.

Кој ќе биде член на кралското семејство со „полно работно време“, што значи дека се што ќе прави ќе биде претставување на круната, исто така варира од земја до земја.

Во некои земји доволно е да се биде роднина на некој монарх за да биде квалификуван како член на кралското семејство со „полно работно време“.

Во други земји пак, се очекува братот и сестрата на кралот или кралицата да најдат работа.

Британското кралско семејство е најголемо и најбогато семејство во Европа.

Според официјалната веб страна на британската монархија, 16 возрасни лица и три деца во моментов се сметаат за членови на кралското семејство.

Активностите на кралицата Елизабета Втора и нејзиното семејство во најголем дел се финансираат преку државниот грант, што изнесуваше околу 100 милиони евра во 2018-2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.