Примерок од првото издание на легендарната видеоигра за Нинтендо – „Легендата за Зелда“, е продадена на аукција за 870.000 американски долари.
Како што објави аукциската куќа „Херитиџ“, со седиште во Далас, продажбата „е светски рекорд за една видеоигра“.
Станува збор за примерок на играта од 1987 година, којашто е во запечатено оригинално издание.
Името на купувачот не е објавено.
Тоа беше „ѕвездата“ на аукцијата! – изјави портпаролот на аукциската куќа, Ерик Бредли.
Претходниот рекорд го држеше видео играта „Супер Марио брос“ од 1986 година, којашто истата аукциска куќа ја продаде за 660.000 долари во април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.