Американскиот производител на газирани пијалаци „Кока-Кола“ соопшти дека на најголем пазар на компанијата – САД, ќе почне со употреба на шишиња целосно направени од рециклирана пластика.

Со оваа иницијатива, „Кока-Кола“ сака да ја намалила употребата на нерециклирана пластика во Северна Америка за 20 проценти во споредба со 2018 година. Со префрлување на шишиња кои би биле целосно изработени од рециклирана пластика, компанијата сака да се вклучи во глобалната борба против пластичниот отпад.

Почнувајќи од февруари, компанијата ќе почне со продажба на своите пијалаци во рециклирани пластични шишиња од 400 милилитри во Калифорнија, Њујорк и Флорида, а до пролет и во Тексас

Во декември минатата година, трета година по ред, здружението „#breakfreefromplastic“ ги прогласи „Кока-Кола“, „ПепсиКо“ и „Нестле“ за трите најголеми загадувачи на пластика во светот.

Исто така, компанијата прави напори до 2025 година 100 проценти од примарното пакување што го продава на глобално ниво да може да се рециклира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.