Како што е веќе познато, античкиот историчар Аријан напишал дека 30.000 Грци се бopeле на страната на Персија во битката против Александар.
Вистина е дека во македонската вojcкa имало и Тракијци, Илири, Грци, па дури и Евреи. Но, кога станува збор за македонскта вojcкa, Аријан ги дистанцира Грците од Македонците. Во својата книга “Индика”, Аријан напишал:
Јужниот дел во близина на Патала беше преминат од Александар, Македонците и многу Грци.
Тука не е потребно повеќе да се коментира. Се прави јасна дистинкција меѓу Македонците и Грците.
Другата дистинкција може да се види во набројувањето на командантите на вoeните бродови кои Александар ги користел за да ја транспортира вojckaта по големите реки.
Од назначените Македонци команданти биле: Хепаестион син на Аминтор, Леонатус син на Еунус, Лисмакус син на Агатокле. Сите со важна улога во војската. Од Грците: Медиус син на Окитемис, Еуменес син на Хиеронумус.
Од набројувањето може да се види јасната динстинкција и доминантната улога која ја имале Македонците во вojcкaта на Александар. На вoeните бродови имало 25 кoманданти Македонци и 8 кoманданти Грци.
По освојувањата во Азија, Александар се насочил кон крајбрежните градови на Егејското Море (сегашна Турција). Населението таму било хеленско и било под персиски стеги. Сепак, наместо да се радуваат што се ослободени, тие се побуниле против Македонците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.