Последните часови од годината секогаш се исполнети со големи очекувања и силна енергија, а многумина се обидуваат да ги искористат овие часови за да ги постигнат целите за следната година преку суеверија.

Ова се петте суеверија што луѓето најмногу ги практикуваат на крајот на годината:

1. Бојата на вашата долна облека е важна

Во државите на Латинска Америка, на пример, црвена, зелена и жолта долна облека може да се купи во која било продавница пред Нова Година. Луѓето носат црвена долна облека за да пронајдат љубов, зелена или жолта за да пронајдат богатство во новата година, а бела за мир.

2. Напишете ги сите желби на хартија

Пред новогодишната ноќ земете лист и пенкало. Напишете ги вашите желби на хартија. Хартијата треба да ја чувате блиску до себе за време на вечерата, а после полноќ треба да ја запалите за да ви се исполнат желбите.

3. Бакнување на полноќ

Бакнежот на новогодишната ноќ е симбол на љубов во текот на целата година.

4. Среќни новогодишни бои

Одредени бои ја симболизираат среќата. Жолтата ќе ви помогне со финансиски проблеми, зелената ќе ви донесе здравје, портокаловата е за мудрост, виолетовата е за успех на професионалното поле, црвената за љубовта, а сините свеќи се за мир.

5. Исплатете ги сите долгови

Кога ќе ги исплатите сите долгови пред крајот на годината, ќе бидете воодушевени од брзината со која ќе се зголеми состојбата на вашата сметка – и среќа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.