Српската православна црква (СПЦ) вчера го погреба својот патријарх Иринеј, а претходно, за кратко време починаа и неколку владици, вклучувајќи го и митрополитот Амфилохиј, како резултат на коронавирусот.

За тоа колку е алармантна ситуацијата во СПЦ говори и митрополитот Иларион Алфеев, втор човек на Руската православна црква (РПЦ) и еден од водечките православни теолози на денешницата.

Вчера, тој, му одржа лекција на раководството на СПЦ.

Кога видов толку многу владици во олтарот за време на погребот на митрополитот Амфилохиј, знаев дека набрзо ќе има уште еден погреб. За жал, бев во право – рече Иларион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.