Со доаѓањето на 2020 година многумина ја ремизираа минатата декада и предвидуваа каква ќе биде следната. Но, малку избразаа, судејќи според времето.

Прашањето кога завршува една деценија, а кога почнува наредната се поставува секогаш кога каледарот од годината која завршува на 9 преоѓа во годината која завршува со нула. Така беше во 1989. Па во 1999. Па во 2009. Дали први јануари 2020 почеток на нова деценија? Или пак на 1 јануари 2021?

Кога почнува новата деценија зависи од тоа кого прашувате, пишува „Си-ен-ен“.

Американската морнарска опсерваторија, агенцијата која води сметка за времето во САД се занимава со ова прашање од 1999 година, кога се полемизираше кога почнува новиот милениум. Според астрономскиот календар, кој го смета времето, опсерваторијата соопшти дека новиот милениум почнува на 1 јануари 2001 година.

Со тој систем се смета и времето според грегоријанскиот календар кој исто така почнува со првата година пред новата ера. Во календарот секако не постои нулта година. Сепак, колективната свест е нешто друго.

Кога размислуваме за деведестите, подразбираме период од 1990 до 1999 година. Исто така постои психолошкии аспект на овој феномен наречен „round number bias” кој означува потреба да ги „заокружиме“ бројките односно новата декада да сметаме дека почнува со нула.

Други пак истакнуваат дека системот на кој е заснован нашиот календар сам по себе е неприцизен и неконзистентен и оти целата дискусија за ова прашање во старт се темели на погрешни претпоставки. Во јулијанскиот календар, за прва година се зема религиски настан, раѓањето на Исус Христос. Но, нему му недостасува астрономска релевантност бидејќи се заснова на религиска доктрина и поради тоа, во најдобар случај не е ништо повеќе туку груба проценка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.