Овца од Нов Зеланд по име Шрек побегнала од своето стадо и шест години живеела во пештера, избегнувајќи да не биде стрижена.

Кога конечно ја пронашле, таа на себе имала толку многу волна што било тешко да се препознае дали тоа животно воопшто е овца.

Според зборовите на нејзиниот сопственик, кога конечно, по шест години, ја нашол, таа на себе имала толку многу волна што од неа можело да се направат 20 машки облеки.

Сопственикот верува дека овцата Шрек не сакала да биде пронајдена и затоа се криела толку време.

Но, сепак таа веројатно имала проблеми со движењето, поради тежината на товарот што го носи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.