Секогаш ведрата и насмеана пејачка Маја Оџаклиевска не се предава ни кога животните околности не и одат од рака, па во се бара нешто убаво. Не се жали на периодот на изолација кое го поминува со аутистичнот внук Лука.
Таа спасот од досада го наоѓа на тераса или дворчето, а се грижи единствено кога внукот има напади.
Живееме во малечка зграда, каде имаме тераса и малечко дворче кое е оградено. Со Лука постојано сме таму. Тој секој трети или четврти ден има аутистични напади, бидејќи не му давам да излезе од дворот. Во станот не може многу да се движи и тоа му пречи. Тогаш немам никаква помош. Зборував со кол ценатрот да испратат помлада личнот да го прошета, бидејќи јас имам 65 години и не смеам да излегувам, но ми рекоа што ако таа личност има корона, па го зарази. Сфатив дека се во право. Ќе го протуркаме и ова – храбро вели пејачката и открива дека Лука е прекрасно дете.
На Лука му е досадно, само тоа е проблем. И мајка му не може да дојде. Кога има напад, му давам нешто слакто да се расположи. Веќе ги научив негвоите потреби. Лука најдобро функционира со мене. Не се жалиме – раскажала пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.