Kога бојлерот троши најмалку струја – кога постојано е вклучен или кога се вклучува по потреба?

Апсолутно не е вистина дека многу порационално е да се остави бојлерот постојано да биде вклучен. Секако, се зависи од бројот на членовите на домаќинството. Така, ако е во прашање самец или брачна двојка, за нив е порационално бојлерот да го вклучуваат по потреба. Од друга страна, ако е во прашање семејство со поголем број членови, на нив веројатно им е позгодно бојлерот да биде вклучен затоа што во секој момент на некој ќе му биде потребна топла вода, појаснува за магазинот „Жена“ Марко Тодровиќ, сервисер на бела техника и куќен мајстор и додава дека намената на бојлерот има голема улога.

Доколку бојлерот е наменет само за туширање, тогаш е подобро повремено да го вклучувате, а ако е во прашање голем проточен бојлер кој го користите и во кујнски намени, тогаш најверојатно ќе го исклучувате доста ретко. Значи, поштедливо е сепак да се вклучува по потреба и секако ако вее внимавате на штедење би требало да го вклучувате во евтина тарифа, односно навечер по 22 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.