Во саботата во Кочани „Спорт Лајф“ го прогласи најдобриот во финалето на Типстер купот од првата есенска етапа. Победникот е Александар Трендафилов oд Кочани, кој со освоените 83.283,9 поени кој заврши на првото место, а во близина на трговскиот центар во Кочани, му беше врачена главната награда – „Peugeot 308“.
За своите играчи и лојални членови обезбедуваме секогаш интересна понуда со највисоки бонуси. Во моментов има над 800 игри и можности за добивка, а Типстер купот е традиција која години на назад им дава можност на учесниците да добијат вредни награди. Оваа година има два автомобили како награда за најдобрите типувачи, истакнуваат од „Спорт Лајф“.
Типстер купот продолжува до 30-ти мај, а второто финале е од 10-ти до 30-ти јуни, по што ќе биде прогласен победникот и воедно добитник на вториот автомобил. Типстер купот е натпревар како дел од програмата за лојалност и рангирање на редовните играчи на „Спорт Лајф“. Со своите веќе уплатени тикети, сеедно дали се погодени или не, играчите, т.е. членовите во Sport Life Клубот се натпреваруваат кој е поуспешен во типувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.