Неодамна, Комисијата на ЕУ ги заостри своите климатски цели: најмалку 55 проценти од емисиите на штетни гасови треба да се намалат до 2030 година во споредба со 1990 година. Но, амбициозните упатства не се доволни за „Петок за иднината“, движењето за заштита на климата.

Истакнати активисти околу Швеѓанката, Грета Тунберг, ја обвинуваат ЕУ за лошо пресметување на климатските цели.

Предложената цел за 55 проценти намалување на емисиите на штетни гасови се базира на споредбената 1990 година, вклучени се територијалните падови во последните 30 години – околу 23 проценти, ова го напишаа колешката на Тунберг, германката Луиза Нојбауер и двете Белгијки Аделажд Шарлие и Ануна де Вевер во неодамнешното мислење на интернет-платформата „Медиум“, пренесува Шпигел.

Ова значи дека целта на Комисијата на ЕУ од 55 проценти, измерена според вредностите од 2018 година, всушност е цел од 42 проценти.

Четворицата активисти додаваат дека предложените намалувања на емисиите не вклучуваат меѓународен воздушен сообраќај, испорака и производство на стоки надвор од ЕУ. Голем дел од намалувањето на јаглерод диоксид од 1990 година се должи на фактот дека европските фабрики своите погони ги имаат преместено во други делови на светот.

Дали лаптоп произведен во Кина или пар фармерки од Бангладеш: Емисиите на штетни гасови од производството на такви производи, воопшто не се појавиваат на страната на ЕУ, критикуваа тие.

Додаваат и дека кратката релација со воз од Келн до Ахен резултира со повеќе емисии во бројот на ЕУ отколку повратен лет до Буенос Аирес или Бангкок.

ЕУ изневерува со бројки – и ја краде нашата иднина, пишуваат Тунберг и нејзините колеги.

Велат дека целите и статистиките на ЕУ на крајот треба да ги вклучат сите емисии на штетни гасови. Во исто време, велат, времето за мали чекори помина веќе одамна: предложените цели 55, 60 и 65 проценти за ЕУ ​​до 2030 година не одговараат на кој било начин на целите на Парискиот договор за заштита на климата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.