Од неодамна пензионираниот пратеник и актуелен претседател на Сојуз на Роми, Амди Бајрам, сепак не се откажа од свадбата на внуката Перихан, ќерка на неговиот син Габриел. Откако обидот за организирање на свадбена веселба во ресторан во Шуто Оризари на 11-ти октомври му пропадна, поради забраната за организирање на свечености, тој за рекордни шест дена успеал да организира раскошна свадбена веселба во Истанбул, Турција, и да ја исполни желбата на внуката и на најблиските.
Инаку, венчавката на Перихан која се случила минатиот септември, била исто раскошна како свадба, со музика, многу гости, свечени тоалети. Сепак, тоа било само венчавка, а свадбата ја планирале како уште поголем настан.
Инаку свадбената веселба се одржала на Босфор на брод со 600 гости, со 370 гости од Македонија и 230 гости од Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.