Ќерката на британската милионерка Рејчел Клечер, Џози (18) е пронајдена мртва во базен крај вила на Мајорка по ноќ мината со пријатели.

Телото на девојката е најдено во вторникот наутро, а лекарите само констатирале смрт. Истрагата околу причините, е во тек, објави вчера британски „Телеграф“.

Џози била на одмор со семејството и пријатели. Таа е една од трите ќерки на Рејчел Клечер и ученичка во училиштето „Мортон Хол“ во Шропшир. Нејзината мајка е еден од основачите на водечката британска телефонска служба „Манипени“, вредна над 100 милиони фунти.

Клечер и нејзиниот брат Ед Ривс ја отвориле компанијата 2000 година. Денес таа има 700 вработени и остварува над 13 милиони повици годишно за околу 13.000 фирми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.