Ресторан во Загреб деновиве претстави своја, „хрватска верзија“ на ќебапите, кои добија и ново, хрватско име – „мљевеници“.

Првичната замисла била да се направи нешто различно од соседните босански ќебапи, но предизвика лавина шеги на нивна сметка.

„Се оствари милениумски сон! Мљевеник, а не ќебап!”, „Дали плескавицата сега е ’мљевеница‘?“, „Тогаш, јогуртот нека биде ’киселомљечно напиткало‘!“ „Ако ќебапот во Хрватска е „мљевеник“ (од мелено месо), тогаш ’ражничот‘ нека биде ’нанижник‘“, „А пак, бурекот – ’штрукли со месо‘“ – гласат дел од шегите.

Некој, пак, коментира дека „Мљевеник“ му звучи како фудбалски клуб од четврта лига…

Се чини, иноваторите од ресторанот може да се надеваат дека и лошата реклама е, сепак, реклама.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.