Поранешната прва дама на САД, Хилари Клинтон (72) отсекогаш негувала природен стил и на многумина им било незамисливо таа да оди под нож.
Но, судејќи по се, току тоа го направила бидејќи нема друго објаснување за нејзиното лице “младешко“ лице кое го прошетала овие денови во Њујорк.
Во изразито розова блуза и црни панталоби и тешка златна огрлица, сепак најголемо внимание привлекло нејзиното лице кое нагло ги изгубило сите брчки, додека јаболчиците “мистериозно“ пораснале.
Хирурзите ширум свет шпекулираат што се направила Хилари и се согласуваат дека направила ботокс, блефаропластика (затегнување на очните капаци), како и филри на уста.
По ова коментарите по социјалните мрежи не се баш охрабрувачки и луѓето нејзиниот изглед го оценуваат како језив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.