Иако сите биле загрижени за тоа како ќе заработуваат сега кога повеќе не се дел од кралското семејство, изгледа дека војводата и војвотката од Сасекс одлично се снаоѓаат.

Компанијата за поддршка која тврди дека ги создала Кардашијан, наводно е повикана да помогне во создавањето на брендот Хари и Меган, пишува “news.com.au”.

Оваа компанија, која ја користела Ким Кардашијан, тврди дека соработува со принцот Хари и Меган Маркл, за да ги претворат во “бренд од повеќе милијарди долари”.

“Компанијата “Сираж” сега добива барања за одобрение од принцот Хари и Меган Маркл”, поставиле на Инстаграм од оваа компанија, означувајќи ја официјалната страна на Меган и Хари и охрабрувајќи ги клиентите од целиот свет да ги праќаат своите “официјални понуди”, ветувајќи дека тие ќе бидат директно проследени до нивните претставници.

Сепак, од Бакингемската палата тврдат дека е “тотална невистина дека оваа компанија била ангажирана”.

Како и да е, компанијата ја задржала оригиналната објава, а сопственикот на компанијата, Шираз Хасан, во интервјуата инсистира на тоа дека работи директно со внатрешниот круг на луѓе на војвотката од Сасекс.

Секогаш потсетете се на тоа дека Меган беше актерка во Холивуд, пред да стане принцеза, напишал Хасан во својата изјава на Твитер.

Тој, исто така, за едно радио рекол дека веќе праќа понуди и до 3,5 милиони американски долари до тимот на војводата и војвотката од Сасекс, тврдејќи дека тие се подготвени на тоа “да играат игри”. Тој изјавил и дека Меган планира да го мине летото во Лос Анџелес.

Ќе ја направиме 100 пати поголема од Ким Кардашијан, а ние ја направивме и Ким, наведува Хасан, кој за свои клиенти ги има и Џенифер Лопез и Парис Хилтон.

Ви велам, тие ќе станат бренд од повеќе милијарди. Само гледајте, рекол тој во “Крис Фејд Шоу” и интервјуто го поставил на Инстаграм.

Дали е ова точно или не, ќе покаже времето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.