Познат истражувач и теоретичар на Библијата, Ричард Шо во својот последен документарец под назив: „Кодови на Тор: Крај на мракот“, пренел мисли на еврејскиот пророк и физичар Матитјахуа Глејзерсон, наречен Рабин кој тврди дека и 2021 нема да ни донесе ништо добро.

Рабин минатата година го предупреди народот преку Јутјуб канал дека на светот му се заканува сериозна пандемија која ќе ја засени и шпанската грозница. Не знаел како да ја нарече, ама во тајните кодови на Библијата видел многу смрт и страдање на човештвото.

Неговите следбенции, тоа на почетокот на годината го протолкуваа како Трета светска војна, ама се измамиле. Библијата мислела на коронавирусот.

Кодовите и математичките пресметки точно укажуваат на 2020 година. Во нив се гледа дека Доналд Трамп ќе ги изгуби изборите. Компјутерскиот алгоритам со помош на која ги дешифрирам кодовите и моето секојдневно читање на Библијата и книгите за Мојсеј наложуваат да кажам дека Иран многу брзо ќе обелодени постоење на нуклеарно оружје. Убаво пишува Иран-5780, што во еврејскиотт календар е нашата 2020 година. Кодовите го предвиделе и корона вирусот – вели на почетокот Рабин.

Сега кога сите сме запознаени со разорната моќ на Ковид 19 и забрзаните обиди светот да се спаси со лек или вакцина, Рабин има нова порака.

Кодовите покажуваат и некоја катастрофа на Земјата за 2021 година, ама и појава на нов уште полош вирус од овој сега. По кодовите би рекол дека 2026 година е таа кога народот ширум светот повторно ќе се бори со вирус кој ќе биде неспоредливо помоќен од Ковид 19. Ќе престанеме да ги броиме мртвите. Ќе настане општ хаос и ќе има немири. Никој нема да биде подготвен да минува низ сето ова повторно, но на потежок и пофатален начин. Се надевам дека се лажам, ама се сомневам. Единствено постои шанса тоа да биде 2027, а не 2026 година- вели Рабин во една од последните снимки.

Тој тврди дека овие кодови не грешат.

Не сакам да ги плашам луѓето, само пренесувам она што го гледам и дешифрирам. И Библијата за овој период најави доаѓање на Месијата на земјата, така што многу нешта се поклопуваат – истакнал Рабин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.