Скопјанец кој секојдневно ги гледал автобусите кои доаѓаат во Скопје од Гостивар и Тетово и по Партизанска ги оставале своите патници, денеска со тага сочуствува со семејствата на загинатите и повредените во сообраќајната несреќа.

Тешко утро…

Вчерашната е тешка и многу тажна. 14 души никогаш повеќе нема да се вратат дома. Ќе ги нема и утрово да тргнат кон своите дестинации во Скопје. Ќе ги бараат сопатниците со кои можеби никогаш не направиле муабет, ама ги познаваат, знаете, онака, од автобус. Доволно да потечат солзи, да почувствуваш болка во градите, да ти се вознемири душата…

Такво е ова сончево утро. Тажно, чинам и Шара се наведнала од болка… Тешко утро…

Боки Бургија – Фејсбук статус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.