Кина се подготвува да започне антимонополска истрага против „Гугл“, предложена минатата година од „Хуавеи технолоџи“, соопштија изворите во средата.

Антимонополскиот комитет на Државниот совет на Кина го разгледува ова прашање, засновано врз тврдењата дека Гугл ја потиснува конкуренцијата со својот мобилен оперативен систем Андроид, додека одлуката дали да се продолжи со официјална истрага би можела да дојде следниот месец.

Одлуката дали да се оди понатаму може да зависи и од односите со Соединетите држави во дадениот момент, додаваат неименувани извори.

Според извештајот на Ројтерс, ако панелот за монопол одлучи да започне официјална истрага, тој исто така може да се фокусира на тоа дали „Гугл“ им предизвикува „екстремна штета“ на компаниите како „Хуавеи“ со својата доминација на пазарот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.