Старлетата Ким Кардашијан објави снимки од последното снимање на емисијата „Keeping Up with the Kardashians“. Таа на својот Инстаграм профил објави дека се збогувала од екипата која работела на емисијата со која се прослави целото нејзино семејство. Имено, Ким се огласи по повод снимањето на последната епизода на нивното реално шоу.
Готово е. Не со солзи и пијалок, додуша. Официјално липам, напиша Ким покрај фотографијата од снимањето.
На почетокот на септември семејството Кардашијан објави дека со дваесетта сезона нивното популарно шоу завршува.
Со тешко срце донесовме одлука како семејство да се збогуваме од емисијата. По 14 години и 20 сезони, односно стотина епизоди, веќе сме и повеќе од благодарни на сите вас кои не гледавте низ годините – напиша Ким тогаш на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од првата сезона на емисијата, која почна да се емитува во 2007-та година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.