Жена во Тексас била жртва на киднапирање, а се спасила само поради среќната околност што на раката носела паметен часовник.

Жената почнала да се расправа со некој маж на паркинг, по што исчезнала. Нејзината ќерка ја слушнала расправијата, а сфатила дека нешто не е во ред кога слушнала врисок, по што настанала тишина.

Киднапираната жена, сепак, успеала да ја повика ќерка си преку часовникот со цел да и каже дека мажот со којшто се расправала ја киднапирал.

Ќерката го пријавила сето тоа на полицијата, која преку лоцирањето на часовникот ја пронашла киднапираната жена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.